Утрово во 10 часот концентрациите на ПМ 10 честичките во Центар изнесуваат 80, во Капош 58, кај Ректорат 98, во Гази Баба 84 микрограми на метар кубен.

Во Лисиче утрово е најзагадено со што во 10 часот концентрациите на ПМ 10 честичките изнесуваат 201 микрограми на метар кубен.

Во другите градови низ Македонија согласно мониторингот за квалитет на воздухот на официјалната страна на Министерството за животна средина http://air.moepp.gov.mk/ утрово во 10 часот концентрациите на ПМ 10 честитчките се во границите на дозволеното, а за Велес 1 и Велес 2 нема информации.