Промена на времето со врнежи од дожд се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Утре претпладне ќе има услови за слаб локален дожд во југозападниот дел од државата, а веќе од средината на денот во западните делови се очекуваат врнежи од дожд од 10 до 15l/m2 и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој ќе биде најизразен долж Повардарието, а на високите планини врнежите ќе бидат од снег. Температурата ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

УХРМ за четврток и петок најавува стабилно време, а нов влажен бран со пообилни врнежи се очекува за време на викендот.