Свесни за актуелната ситуација со загадувањето, Пакомак иницираше проект „Селектирај иднина“ за поттикнување и развој на свеста за тоа што предизвикуваме со своето неодговорно и непромислено однесување.
Како дел од овој проект, во саботата на 14.10.2017 година во Скопје Север се одржа првата првата акција за чистење, во која, заедно со мал број граѓани, беа собрани над 4 кубни метри амбалажен отпад за период од 4 часа.
Пакомак преку својата Facebook Fan Page ги поканува сите граѓани да се приклучат и во следната акција за почиста животна средина, која ќе започне во месец ноември.