Почетна Граѓански ЕКО свет УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ – ЗЕЛЕНИКОВО ОПШТИНА БЕЗ ОТПАД

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ – ЗЕЛЕНИКОВО ОПШТИНА БЕЗ ОТПАД

0
116

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ –  ЗЕЛЕНИКОВО ОПШТИНА  БЕЗ ОТПАД

Во рамки на реализација на проектот „Локални алатки за Општина Зелениково да прерасне во општина без отпад, преку селектирање, собирање и рециклирање на ПЕТ пластичен отпад од домаќинствата“, на 11ти мај 2018 година, во 11ч, во Централно основно училиште „Марко Цепенков“ – Зелениково, беше организирана Манифестација со награди за мотивирање на децата и возрасните.

Проект е финансиран од Глобален еколошки фонд – Програма за мали грантови Македонија, имплементиран од Здружението на граѓани ОРТ во партнерство со Општина Зелениково и се спреоведува на територијата на општина Зелениково во период, февруари 2017 – мај 2018 година.

Генерална цел на проектот е:  Намалување на количините на POPs (НОЗ) преку одржливо управување на цврстиот, пластичен ПЕТ комунален отпад од домаќинствата и од пакувања.

Конкретни цели на проектот се:

  • Едукација на населението за штетноста на отпадната пластика, а со тоа и за влијанието на НоЗ по здравјето на луѓето, составот на почвата, воздухот и водата

  • Мотивирање на населението за примарна селекција и собирање на ПЕТ амбалажа во домаќинствата и училиштата.

  • Техничка поддршка на јавното комунално претпријатие за ефикасно спроведување на собирање, обработка и продажба како секундарна суровина на ПЕТ пластична амбалажа, како можност за оствaрување на економски интерес на заедницата.

Вкупниот износ на проектот е 42.232,00 САД$ од кои  21.116,00 САД$ се обезбедени од Глобалниот еколошки фонд – Програма за мали грантови Македонија, а останатите 21.116,00 САД$ се од Здружението на граѓани ОРТ и општината Зелениково.

Постигнати резултати:

  1. Поставени 150 канти во домаќинствата за селективно собирање на ПЕТ амбалажа;

  2. Поставени 3 контејнери во училиштата за селективно собирање на ПЕТ амбалажа;

  3. Активно вклучени 500 млади и возрасни лица во селективното собирање;

  4. Издигната јавна еколошка свест на 2.000 лица;

  5. Едуцирани 30 вработени во институции;

  6. Спроведен 1 функционален систем за селекција, собирање, транпортирање, преработка и продажба на отпадна пластична амабалажа;

  7. Изработени 10 скулптури од реупотребена пластика.

На  манифестацијата беа доделени награди за:

 – најмногу собрана ПЕТ пластична амбалажа од учениците и домаќинствата (прво место беа наградени со резервна батерија за мобилен телефон, втора награда добија чадори);

 – најдобро изработена творба од пластика од децата (прво место беа наградени со торба за лап топ, второ и трето место беа наградени со соларни радија, четврто и петто место беа наградени со чадори);

 – најфункционално решение за алат изработен од реупотребена ПЕТ амбалажа од возрасните. (прво место беа наградени со торба за лап топ, второ и трето место беа наградени со соларни радија) .

Манифестацијата имаше музичка и театарска претстава, исполнета со многу обраќања од музичари, уметници, институции, организации и компании, а изработените творби изложени и понудени на продажба.