УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАНА ВЕЛОСИПЕДСКА ЕКО ПАТРОЛА НА ГАЛИЧИЦА

Членовите на Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура “Зш Авантура”, викендов организираа успешна велосипедска еко патрола на терен на планината Галичица.

Велосипедските еко патроли се дел од проектот “Еко Галичица 2018”, кој ќе продолжи и во текот на наредните пет месеци.

Во саботата беа маркирани критичните точки на потег Охрид –Велестово-превој Крстец, во должина од 30 километри, а во недела, патролата се одвиваше на потег Охрид-Трпејца-Корита-превој Баба, во вкупна должина од 76 километри.

Според изјавата на Жанко Голабоски, претседателот на здружението, целта на оваа патрола е да се лоцираат најкритичните места на коишто има забележано најголеми количини на најразличен отпад, по што ќе следуваат акции за расчистување на теренот од последиците на човечката некултура. Од самата еко патрола направена е богата фото документација.

Извор: (ОхридПрес)