Националниот центар за урагани во Мајами денеска соопшти дека максималната јачина на ветрот на ураганот Доријан достигнала брзина од 260 км/ч. и дека преминал во ураган од петта категорија, со можности за катастрофално ниво на разорување, пренесува АП.

Центарот наведува дека со вакво ниво на разорна јачина на ураганот може да предизвика катастрофални нивоа на разорување а особено на островите Абако и Гранд Бахама.

Премиерот на Бахамите, Хуберт Минис  на прес-конференција  истакнал дека 73.000 луѓе се загрозени од ураганот и ги предупредил жителите на помалите острови да се евакуираат, јавува Ројтерс.

Хотелите се затворени, а многу жители засолниште побарале во црквите, училиштата и другите објекти во исчекување на ударот на ураганот во текот на денот.

Доријан во моментов е оддалечен околу 450 километри од Вест Палм Бич на Флорида, јавува АП.

Милион жители од Флорида до Каролина се во страв од ураганот, додека метеоролозите преедупредуваат дека Доријан може да предизвика опасни поплави дури иако не удри директно на копно, наведува агенцијата.

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарес, во саботата попладне прогласи вонредна состоја поради евентуални закани од ураганот Доријан.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=9&v=gVPiX3BewzA