Коко што стојат работите, Охрид стабилно се движи кои бришење од листата на УНЕСКО.

УНЕСКО на својата 43-та сесија која се одржува во Баку, Азејберџан пресече, февруари 2020 година е рокот за Охрид и Македонија да ги спроведат препораките за заштита на природните богатства. Тоа значи дека за седум месеци ќе треба да се решат 1.076 предмети кои се веќе констатирани како нелегални градби, од кои 409 се наоѓаат во заштитениот појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, потоа на потегот кон Националниот Парк „Галичица” и во стариот дел на градот. Овој регистар на дивоградби е изработен согласно препораките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

Како едно од клучните барања на УНЕСКО до државата е, да се прогласи мораториум на секакви урбани трансофрмации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.

Само за потсетување е дека од ноември 2017 до април 2019 година се легализирале 250 дивограби. И покрај фактот што властите на неколку дивоградби имаат издадено решенијата за уривање или немале дозволи за градба, истите со засилено темпо и без никакви проблеми продолжуваат да градат.

Ова само покажува дека Охрид стабилно се движи кои бришење од листата на УНЕСКО.

Во Баку, делегацијата од Македонија, ја предводеше министерот без ресор Едмонд Адеми,  заедно со заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски. Тие успеале да ги убедат експертите на УНЕСКО дека веќе била запрена изградбата на дивоградбите и дека до февруари ќе можат да ги спроведат препораките.