Tуристи на Меѓународна вселенска станица!

Од идната година НАСА планира да им дозволи на туристите да ја посетат Меѓународната вселенска станица. Според калкулациите 50 милиони долари ќе изнесува цената за едно патување. Досега лебдечката вселенска лабораторија беше пристапна само за астронаутите од државни вселенски агенции, додека американски астронаути живеат на вселенската станица уште од 2000 година.

НАСА во својата  објава потврди дека Меѓународната вселенска станица ја отвора за комерцијален бизнис. Ова значи дека приватни компании ќе можат да организираат посети на станицата и да носат „приватни астронаути“ кои таму ќе можат да престојуваат до 30 дена. Меѓународната вселенска станица има пет спални соби, две бањи и теретана, како и многу лабораториски простории. Одржувањето во живот на астронаутите на Меѓународната вселенска станица е многу скапо. За основната подршка за живот во капсулата дел од цените се следни: одржување на тоалет за едно лице е 11.250 долари на ден,  за храна и воздух потребни се 22.500 долари на ден за лице.

Транспортот до станицата ќе се организира со Boeing и SpaceX на Илон Маск, кои развиваат капсули за транспорт на луѓето до станицата. Првичните пресметки се дека едно патување ќе достигне и над 50 милиони долари по лице. Фактот дека НАСА вообичаено о плаќа околу 75 милиони долари за седиште на вселенскиот број Soyuz, а во 2015 година за едно седиште има платено 82 милиони долари, за очекување е дека оваа сума може и да биде повисока.