За да можете спремни да ја дочекате зимската сезона, потребно е уште сега да тргнете во потрага по соодветна опрема за скијање.

За таа цел потребно е да ги обезбедите овие три нешта без кои не може да се замисли безбедно скијање.

Теренска опрема

Без разлика на тоа за кој зимски спорт ќе се одлучите и која е причината за вашето одење на планина, мора да имате соодветна теренска опрема. Кога купувате опрема, имајте ги на ум временските услови што ве очекуваат, како сакате да скијате и каде. Водете се и од вашите способности на снегот, но исто така и од други параметри, како што се вашата висина, тежина и вештини за скијање.

Професионални ски очила

Еден составен дел од опремата без која не може да се замисли скијањето, се очилата. Тие се неопходни за да ги заштитите очите, но и да ви овозможат да имате видик каде се движите. Луѓето што носат контактни леќи или очила со диоптер порано се соочуваа со проблемот истовремено да можат да носат ски очилат и контактни леќи или очила со диоптер. Но, денес овој проблем е решен, такашто постојат неколку различни модели на професионални ски очила кои може безбедно да се носат заедно со контактни леќи или очила со диоптер.

Неколку слоеви облека

На почеток при спуштањето по скијачката патека ќе бидете изложени на студ, но кога ќе се загреете, може да ви биде премногу жешко затоа што имате повеќе облека на вас. Од таа причина, потребни ви се посебни слоеви на облека.

Првиот слој облека потребно е да биде таков, такашто ќе ја регулира телесната температура и ќе спречи дехидратација. Вториот слој служи како изолација на вашето тело и треба да биде од лесен материјал кој ќе овозможува циркулација на воздухот. Последниот слој треба да биде добра водоотпорна јакна која спречува продирање на ветерот.