Понесени од прилично студеното време и предновогодишната атмосфера, одлучивме да ги споделиме петте најдобри дестинации кои може да ги посетите во зима: од спиење под мракот на Арктикот во приватен игло, до лизгање на олимписко лизгалиште.

Квебек, Канада

Овој стилски град има многу да понуди кога станува збор за шик сместување, а замокот Fairmont Le Chateau Frontenac, кој е лоциран во срцето на стариот дел на Квебек и спаѓа во светската листа на природни и амбиентални вредности на УНЕСКО , го има сето тоа да ви го понуди. Овој стар светски гламур во облик на кристални лустери, италијански сини оникс облоги и бакарна купола која е специфичен архитектонски елемент за овој замок, претставува вистински гламурен пречек. Ниту еден престој за време на божиќните и новогодишните празници во Квебек, не би бил комплетен, ако не го посетите автентичниот германски божиќен маркет Le Marché de Noël Allemand.

Добропознатиот дрвен швајцарски стил на вилите, кој е типичен за аплпскиот регион во Европа, тесните улички со калдрма, локалната кујна, божиќните маркети, куклените театарски претстави се само дел каде ќе го поминете поголемиот дел од врмето и одлично место за романтична прошетка. Гарантираме дека ќе се чувствувате како да сте во снежна земјина топка.

Парк Сити, Јута

Вгнезден на врвот на планината Empire Pass, со поглед кон прекрасниот Парк Сити, се наоѓа луксузниот ски – ресорт Montage Deer Valley, кој нуди соби со површина од околу 55 m2. Дизајнот на собите е воодушевувачки, кадифените кревети, каминот, прекрасниот амбиент и бакарните кади во алпскиот изглед на спа – центарот, ќе направат да се чуствувате како од бајките.

Kakslauttanen Arctic Resort, Финска

Прилично сме убедени дека не постои подобро место на светот за гледање на Поларната светлина, од стаклено игло во Kakslauttanen Arctic Resort во Финска. На ова место во Финска, снегот паѓа во почетокот на октомври, а до ноември пределот е целосно покриен поради поларната ноќ, кога скоро два месеца Сонцето не се крева над хоризонтот.

Секое патување тука би било нецелосно, ако не пробате некои од зимските спортови. Во близина ќе наидете на сибирски хаски, ирваси, риболов на мраз, и се разбира крос-кантри и спуст – алпско скијање.

Прага „Златниот град“ на Чешка

Откако ќе пристигнете во Прага, оставете го багажот во беспрекорниот Art Deco Imperial Hotel, еден од најпрестижните и легендарни места во градот. Целиот ентериер на Art Deco е во кубистички стил надополнет со модерен комфор.

Прошетките низ Стариот град ќе ве однесат во атмосфера со архитектура од најразлични стилови, почнувајќи од романскиот стил на 10-тиот век, потоа готика, ренесанса, барок, рококо, класика, неокласика и арт нуво на 20-тиот век, како и многу божиќни маркети на Стариот градски плоштад и Вацлавскиот плоштад. Тука може да ја вкусите чешката кујна како халушки во комбинација со кремасто овчко сирење, риба, свински котлети, кнедли, кисела зелка, киселкасти сушени кобасици со лук, а сето тоа во комбинација со добропознатото чешко пиво.

Виена, градот на музиката и соништата

Главниот град на Австрија е далеку познат по своето богато културно наследство и архитектура и вистинска божиќна атмосфера, што го прават еден од најромантичните градови во Европа. Виена е поделена на 23 области, а центарот е заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство. Виена, уште познат и како град на музиката се наоѓа една од најдобрите концертни сали во светот, која има одлични акустички карактеристики. На првиот од секоја Нова година Виенскиот новогодишен концерт претставува едно од најголемите уживања и задовоства за сите љубители на убавата музика од целиот свет.

Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург, дворецот Шенбрун, а сето тоа збогатено со најславното австриско јадење – Виенска шницла и чаша вино и надалеку прочуената Сахер торта, се доволна причина за посета на овој град за време на божиќните и новогодишните празници.