Оваа листа ги вклучува земјите кои го имаат најчистиот воздух во светот. Ова би можело да биде од интерес за патниците или туристите кои ја планираат својата следна дестинација, а исто така и за оние кои само сакаат да знаат кои се среќните земји што дишат чист воздух. 

Некои од овие земји се високо рангирани поради изобилството на шуми во нивните територии, кои делуваат како природни филтри за воздух. Не е изненадувачки тоа што многу земји со големи и ненаселени области покриени со шуми се појавуваат на листата.

За многумина од нас кои живееме во големите градови, посетата на некое село или планина со свеж и чист воздух, претставува големо олеснување за нашите бели дробови, дури и на неколку денови. Но, доколку тоа не е доволно, можете да бидете сигурни дека посетувањето на следните земји ќе ве награди со незагаден воздух.

10. Луксембург

Klein Zwitserland со Mullerthal во Луксембург

Голем дел од чист воздух во Луксембург е резултат на строгите законски регулативи, малиот број на население (според проценката од 2009 година изнесува 493.500 жители) и многуте шуми. Луксембург е една од најмалите земји во светот и повеќе од една третина од земјата е покриена со шума. Оваа европска земја се карактеризира со доста густи шуми и паркови на природата на север и речна долина на југоисток. Познат дел во Луксембург е Klein Zwitserland со Mullerthal, богат со пештери, водопади и шуми. Еден од најпознатите водопади во Луксембург е Schiessentümpel.

9. Ирска

Carrauntoohil (1.038 m) највисокиот врв во Ирска

Ирска е земја со умерена клима, често изложена на силен ветер кој доаѓа од морето и ги отфрла малите загадувања што се генерираат. Ирците, исто така, ги почитуваат еколошките прописи, а многуте зелени ридови помагаат да се одржи чистиот воздух.

Во 1990 година оваа земја ги забрани инвестициите во јаглен во Даблин, главниот град на Ирска. Забраната во голема мера ги намали нивоата на опасните PM 10 честички и просечните нивоа на чад. Со успехот во Даблин, забраната потоа се прошири и во други градови во Ирска.

8. Шведска

Sarek, Национален парк во Шведска

Шведска не е само синоним за економски, политички и социјален напредок, оваа земја исто така успеа во голема мера да го заштити  растителниот и животинскиот свет и чистиот воздух.

Шведска е една од најпознатите еколошки напредни земји. Моментално работи на тоа да стане една од првите држави во светот која целосно ќе ја исфрли употребата на фосилни горива. Од 2015 година, 57 % од енергијата на Шведска потекнува од обновливи извори, додека останатите доаѓаат од нуклеарната енергија.

7. Нов Зеланд

Mount Taranaki (2.518 m) прекрасна планина во Нов Зеланд

Нов Зеланд е сличен по големина на Велика Британија, но има само околу 4 милиони жители, во споредба со Велика Британија која има 63 милиони жители. Во остатокот од земјата има многу животни. Оваа земја има мала густина на населението и богат растителен и животински свет, што претставува добитна комбинација за подобрување на нивото на квалитетот на воздухот.

6. Данска

Велосипедот е најкористеното превозно средство во Данска

Состојбата во Данска е извонредна. Како сосед на силно индустријализирана Германија, Данците успеаа да го задржат нивото на загадување на воздухот на половина од она на својот сосед.

Повеќе од половината од населението во Данска користи велосипеди (4,2 милиони), а само околу 1,8 милиони од населението користи автомобили. Луѓето во Копенхаген, главниот град на Данска, секој ден поминуваат по неколку часа  на велосипед, како превозно средство до работа, за рекреација или шопинг, што придонесува за ниските концентрации на штетни гасови во воздухот во оваа земја.

5. Естонија

Стариот дел на Талин богат со зелени површини, главен и најголем град во Естонија
Поглед од јужниот дел на Естонија

52% од територијата на Естонија е покриена со шума, што ја прави една од најзелените земји во Европа и таа бројка постојано се зголемува. Покрај тоа, со повеќе од 1500 острови на Балтичкото Море и Финскиот Залив, големи шуми, замоци, цркви и тврдини, Естонија може да се пофали како една од земјите со најчист воздух не само во Европа, туку и во целиот свет.

4. Брунеи

Бандар Сери Бегаван, главниот град на Брунеи со доста зелени површини

Брунеи е познат по своите плажи и биодиверзивни дождовни шуми, од кои голем дел се заштитени. Во главниот град, Бандар Сери Бегаван, може да најдете џамија со 29 златни куполи, но и многу добар квалитет на воздухот.

Земјата има население од речиси половина милион и е една од најразвиените во Азија. И покрај брзата индустријализација, оваа земја успеа да ги одржи стандардите за чист воздух. Во 2012 година анализите за квалитет на воздухот од 154 земји, вклучувајќи и Брунеи, ја вбројуваат оваа земја во земјите со најчист воздух.

3. Финска

Suomenlinna тврдина во близина на Хелсинки

За луѓето од Финска чистиот воздух претставува врв на нештата. Големиот број распространети шуми, богатиот растителен и животински свет, но и високата еколошка свест кај населението се главна причина за чистиот воздух во Финска.

Една од светските станици за мерење на квалитетот на воздухот се наоѓа во националниот парк Pallas-YIIastunturi, најпопуларниот национален парк во Финска. Според мерењата направени во 2016 година, Финска ги има бројките за најчистиот воздух во Европа, а можеби и во светот.

2. Канада

Banff – Национален парк во Канада и прекрасното Moraine eзеро
Mountain Sulphur, планина во Канада

Канада е една од најголемите територии во светот. Канада има многу мала густина на населеност и огромни површини со шуми. Повеќето Канаѓани живеат во јужниот дел на земјата поради „повозбудливите“ температури.

Канада, исто така, прави големи напори за зачувување на растителниот и животинскиот свет и чистиот воздух. Квалитетот на воздухот во Канада продолжи да се подобрува иако потрошувачката на енергија и фосилно гориво се зголеми за повеќе од 20%. Ова е резултат на зголемената општествена свест за опасностите по здравјето од загадувањето на воздухот, што создаде политички барања за промени кои ги задоволија новите технолошки процеси.

1. Исланд

Планина Kirkjufell во Исланд која претставува вистинска туристичка атракција

Исланд го зазема првото место како земја со најчист воздух во светот. Пејзажот на земјата е дефиниран од вулкани, гејзери, топли извори. Но, исто така и големи глечери кои се заштитени во национални паркови. Поголемиот дел од населението живее во главниот град Рејкјавик, кој користи геотермална енергија и има највисок квалитет на воздухот.

Исланд се напојува исклучиво со хидроенергија и геотермална енергија. Единствената геологија на Исланд овозможи континуирано производство на обновлива енергија. Исланѓаните сѐуште користат фосилни горива за транспорт и земјоделство. Но, во моментов оваа земја планира да ги замени фосилните горива со обновливи извори на енергија.