Тајланд: Со дронови и вештачки дожд против аерозагадувањето

Аерозагадувањето како глобален проблем ја притиска целата планета. Во битката за почист воздух и создавање услови за здрав живот на своите граѓани во светот започнуваат да се применуваат најразлични мерки. Бангкок како главен град на Тајланд има големи проблеми со загадувањето на воздухот и состојбата е речиси идентична како и во Скопје.
Со цел намалување на аерозагадувањето,Тајланд како држава започна со активности во кои се применуваат и најновите и современи средства на технологијата. Така со безпилотни летала со водени топови и водни дронови над небото на Тајланд започната е борба против аерозагадувањето и штетните честички.
Надлежните органи во Тајланд започнаа да користат мала флота од дронови, кои распрскуваат капки вода во вид на дожд, и на тој начин штетените честички се лепат и преземјуваат. Системот е на принцип на водените топови кои исфрлаат силни млазови вода, кои потоа се распрскуваат како капки и имитираат дожд.
Ефектите од овие преземени мерките се уште се испитуваат и анализираат, но жителите на Тајланд на импресивен начин пред светот ја промовираат својата решеност да се справат со аерозагадувањето.