Тафталиџе ја доби првата фотоволтаична централа за домаќинства

Вчера, беше пуштена во употреба првата, мала фотоволтаична централа на приватна куќа, во скопската населба Тафталиџе.

Со ваквиот чекор, ЕВН го промовираше системот за производство на електрична енергија од сончева енергија, наменет, пред се за домаќинствата и компаниите.

Самата инвестиција е индивидуална и зависи од големината на објектот, карактеристиките на потрошувачката, како и бараната моќност за производство на енергија.

Фотоволтаичната централа во случајот  е монтирана на покривот од куќата и ја сочинуваат 12 панели.

Сопственикот на куќата се надева дека сопственото производство на електрична енергија, преку користење на сончевата, во многу ќе придонесе за заштеда на домашниот буџет.