Озонската обвивка преставува дел од атмосферата на височина од 19 до 48км од земјината површина, иако дебелината на слојот варира со годишните времиња и географски. Според тоа каде се наоѓа озонот, тој може да го заштити или да му наштети на живиот свет. Најголем дел од озонот (над 91%) се наоѓа во озонската обвивка во стратосферата (обвивка на атмосферата меѓу 10 и 40 кm над Земјата), каде делува како штит кој ја заштитува земјината површина од штетното ултравиолетово зрачење. Со слабеењето на оваа обвивка, луѓето и живиот свет би биле поизложени на УВ зрачења кои предизвикуваат рак на кожата, катаракта и имуни заболувања. Поблизу до Земјата во тропосферата (обвивка на атмосферата од површината до 10 km височина), озонот е штетен загадувач што предизвикува оштетувања на белодробното ткиво и на растенијата.

Секоја пролет, озонската обвивка над Антартикот скоро исчезнува, формирајќи „дупка“ над целиот континент. Дупката е создадена како резултат на интеракцијата на некои хемикалии создадени од човекот, на пример-фреонот со уникатната клима на Антартикот и екстремно ниските температури. Озонот во стратосферата го апсорбира ултравиолетовото зрачење од Сонцето, а со тоа го заштитува живиот свет. По откривањето на озонската дупка, многу од хемикалиите кои го уништуваат озонот се забранети, но тие ќе останат во атмосферата уште десетици години.

Во 2000 година, озонската дупка пораснала побргу од вообичаено и исклучително се проширила. До првата недела на септември дупката била најголема од кога и да е – 11,4 милиони квадратни милји.

Глобални напори за заштита на озонската обвивка

Процесот на уништување на озонската обвивка преставува сериозна закана за биосферата на нашата планета, вклучувајќи го и здравјето на човекот. Штетните ултравиолетови зрачења предизвикуваат повеќе сериозни заболувања како рак на кожата и катаракта. Поради овие причини, зачувувањето на ознонската обвивка е витално за нашиот живот. Од откривањето на проблемот до денес, човештвото превзело повеќе мерки за заштита на озонската обвивка од нејзино понатамошно уништување, како и мерки со кои ќе се поправи веќе направената штета:

  • Во 1978 САД ја забрани употребата на CFC во лакови за коса и други аеросоли. Меѓународна конференција е создадена во САД за контролирање на овие хемикалии, потпишана од 22 земји. Создавањето и употребата на CFC од овој момент понатаму се ограничени.
  • 50% намалување на продукцијата на CFC на глобално ниво до 2000 година. 90 земји станале потписнички на конференцијата .
  • Во 1987, е донесен меѓународен договор наречен Монтреалски протокол. Тој е потпишан од повеќето индустријализирани земји; во кој се целта е да се целосно исклучат средствата за индустријата која произведува CFC хемикалии, а со тоа и нивна целосна елиминација до годината 2000. Со овој договор е направен ефект, меѓутоа било тешко некои посиромашни нации како Кина и Индија строго да се придржуваат до договорот, поради големата важност на производството на CFC за нивната економија.
  • Создавање на Виенската Конвенција за Заштита на Озонската Обвивка. Во 1981 раководечкото собрание создало работна група да подготви конвенција во глобални рамки за заштита на озонската обвивка. Нејзините цели биле да обезбедат генерален договор за да се спречи уништувањето на озонската обвивка. Најпрвин, генералниот договор бил донесен; потоа странките почнале да го решаваат потешкиот проблем – донесувањето и одобрувањето на протоколи со кои ќе се естаблираат одредени контроли.
  • 1990 во САД е изгласан „Амандманот за Чист Воздух“.
  • CFC хемикалиите се потполно исчезнати до 1 јануари 1996.
  • На 15 мај 1993 се издадени етикети за предупредување кои се испечатени на сите производи кои содржат супстанции кои се штетни за озонот.
  • Рециклирањето може да има голема улога во спречувањето на ослободување на CFC во атмосферата од некои уреди како што се старите фрижидери кои сѐ уште ги содржат овие хемикалии.
  • Направени се обиди да се создадат супстанции кои не се штетни за озонската обвивка. Една од нив е хидро-хлоридофлуројаглерод-123 или HCFC-123 (CF3CHCl2). Присуството на водороден атом го прави соединението по реактивно на оксидација во долните слоеви на атмосферата, така што не оди во стратосферата. Меѓутоа, водородот го прави соединението повеќе биолошки реактивно од CFC. Лабараториските тестови покажале дека HCFC-123 може да предизвика тумори кај стаорци, иако токсичниот ефект врз луѓето е непознат.
  • Со намалувањето на хлорните атоми, научниците предложиле испраќање на флота на авиони кои ќе испрскаат 50000 тони етан (C2H6) или пропан (C3H8) над Антартикот. Бидејќи хлорниот атом е реактивен, тој би реагирал со испрсканите органски супстанции. Производите на овие реакции нема да влијаат врз озонската концентрација во стратосферата.
  • Помалку реактивен план со кој ќе се обнови озонската обвивка е да се создадат големи количини на озон, а потоа истите да се исфрлат во стратосферата преку авиони. Технички ова решение е изведливо, но самата постапка би била скапа и за нејзино извршување би била потребна соработката на повеќе држави.
  • Во производството на фрижидери се пронајдени неколку алтернативи како на пример, greenfreeze, мешавина од пропан и изобутан. Со тоа се трајно заменети CFC хемикалиите во овие уреди.