Светската банка по 2019 година нема да поддржува проекти за нафта и гас, освен за одредени проекти за гас во најсиромашните земји со исклучителни околности.

Одлуката беше објавена откако францускиот претседател Emmanuel Macron на самитот за клима „One Planet“ во Париз им порача на стотици светски лидери, владини членови и лидери од бизнис секторот, дека ја губат битката против климатските промени и дека треба да реагираат и да дадат придонес во борбата против климатските промени.

Stephen Kretzmann од Oil Change International advocacy group, изјави дека е време за сите институции, земји, инвеститори и поединци кои сèуште се дел од Парискиот договор за климатски промени да престанат да финансираат фосилни горива.