Студено, со повремени врнежи од дожд и снег
Управата за хидрометеоролошки работи на РМ, за денес најави претежно облачно време, со повремени врнежи од дожд и снег во претпладневните часови, а на повисоките места и на планините снег. Ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарието ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи во интервалот -1°C до 3°C, а дневната од 6°C до 13 °C.
Во Скопје слично време. Утринската темература ќе се спушти до 1°C , а дневната ќе достигне 9°C.
И во текот на наредните денови ќе се задржи облачно и студено време и ќе дува слаб северозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од -10°C до 2°C, а максималните во интервал од 0°C до 8°C.
Снежната покривка на планините и повисоките места во текот на наредните денови ќе достигне од 10 до 20 цм, а поради студеното време се очекува и појава на замрзнат дожд.