Денес облачно време, со пороен дожд кој на одредени места ќе надмине 20 l/m2. Ќе дува и силен ветер од преку 70 km/h, а минималната температура ќе се движи од 2 °C до 8°C, а максималната од 8°C до 15°C.

На планинските предели во северозападниот дел од Македонија ќе врне снег, а попладне, врнежите ќе преминуваат во снег.

Во Скопје ќе биде облачно со дожд и умерен северен ветер, со максималната температура до 12 °C .

Студена воздушна маса со засилен северен ветер, денес попладне ќе навлезе на територијата на нашата држава што ќе предизвика и нагло спуштање на температурите.

Утре времето ќе биде ветровито и студено, претежно сончево со мала до умерена облачност, а за време на викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. Утринските температури на одередени места ќе се спуштат и до  – 12 °C, а дневните температури на поголем дел од територијата на Македонија ќе се задржат под нулата.