Повеќе од 200 лилјаци угинале во тековниот топлотен бран во Јужна Австралија.

Со зголемување на температурите на 44, 2ºC во Кемпбелтаун во сојузната австралиската држава Нов Јужен Велс, колонија на стотици лилјаци што летаат во близина на градската железничка станица ги почувствувале ефектите на високите температури.

Волонтерите за заштита на животни ги вложиле сите напори да ги спасат лилјаците, но најмалку 204 угинале од кои претежно младенчиња.

„Тие во основа се варат и високите температури влијаат на нивниот мозок, тој буквално се пржи и тие стануваат инкохерентни“, вели Кет Рајан, менаџерот на колонијата за лилјаци од Кемпбелтаун.

„Австралија не е непозната по екстремно високите температури и топли лета, но климатските промени се причина за повеќе топлотни бранови“, вели Гералд Мел, шеф на Одделот за истражување на климатските промени во Американскиот национален центар за атмосферски истражувања (NCAR).

Според австралиското биро за метеорологија, температурите ова лето во Австралија ги надминаа рекордите и ова е едно од најтоплите лета досега во Австралија.