Постојат многу евтини и природни начини за затоплување на домот, но и за задржување на веќепостигнатата топлина, што е особено важно за време на студените зимски денови и за вашиот џеб. 

Ви издвојуваме 10 штедливи, но доста корисни трикови кои ќе ви помогнат да го затоплите домот, но и да ја задржите топлината подолго време:

1. Изолирајте ги вратите и прозорците во домот. Наједноставен, но и најекономичен начин е фолија за изолација со која ќе спречите брзо ладење на просторот што го загревате. Поставете ја фолијата на сите прозорци и врати во вашиот дом и ефектот е загарантиран.

Алтернативно, сличен изолир може да направите сами со поставување на памучен или сличен материјал.

2. Користете силикон за пополнување на просторот помеѓу ѕидот и прозорците. На овој начин ќе спречите топлиот воздух да излегува надвор, а ќе ве чини малку пари.

 

3. Поставете завеси на сите прозорци за да ја задржите топлината во просторијата. Доколку просторот е голем и се состои од неколку поврзани простории што не ги користите, поставете завеси на делот што ги поврзува. Така ќе ја задржите топлината во просторот што го користите, но и ќе заштедите на дополнителни трошоци за електрична енергија и материјали за преградување кои се многу поскапи.

4. Искористете ја сончевата топлина. Ако времето е сончево, повлечете ги завесите и кренете ги ролетните, такашто Сонцето ќе ви обезбеди многу природна топлина во студените денови. Спуштете ги ролетните и вратете ги завесите кога Сонцето ќе зајде, за да ја задржите топлината.

 

5. Оставете ја вратата од рерната отворена, штом завршите со печење. На овој начин топлиот воздух ќе се распореди низ целата кујна.

 

6. Користете термофор. Ставете врела вода во термофорот и оставете го под ќебето. На ваков начин ќе се затоплите, но и ќе ја задржите топлината во текот на целата ноќ.

 

7. По туширање, оставете ја вратата од бањата отворена. Додека се туширате воздухот во бањата се меша со водената пареа и се затоплува, а со тоа и вам ви е потопло. Но, штом завршите со туширање не заборавајте да ја оставите вратата отворена. Така ќе ги искористите предностите на топлиот воздух во бањата, но и во другите делови од домот.

8. Отстранете ги сите предмети и мебел пред радијаторите. Овој корисен трик ќе ви помогне во затоплување на просторот, такашто топлината нема повеќе да биде апсорбирана од предметите и мебелот пред и околу него. Исто така, доколку радијаторот се наоѓа веднаш под прозорец, адаптирајте ја должината на завесите на големината на прозорецот. Сепак, најважно е  околу радијаторот да оставите доволно слободен простор за проток на топлиот воздух.

 

Но, секако дека освен вие, и вашиот миленик има исто право на топло катче во студените зимски денови.

9. Поставете простирки за под. Одберете дебела простирка, по можност исткаена од волна или сличен материјал на подовите во вашиот дом. На таков начин ќе ја спречите апсорпцијата на топлината од подот.

10. Поставете дополнителна изолација на ѕидовите и таванот. Оваа инвестиција изгледа скапа, но штом еднаш ја направите, со сигурност ќе се исплати долгорочно преку ниските сметки за електрична енергија.