СТАНЕТЕ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ: Утре во 12ч. граѓански протест поради енормното аерозагадување

0
74

Станете за чист воздух, под ова мото група на граѓани утре организира протест поради критичното ниво на аерозагадувањето во Скопје и Македонија. Протестот ќе се одржи пред Владата на Република Македонија.

Иницијаторите на овој протест велат дека овој протест не е организиран од политичка партија, туку е организиран од граѓани.

„Организиран е од тебе, од мене, од твоите деца, од вашите родители, од сите нас кои дишеме загаден воздух“, велат иницијаторите.

Иницијаторите велат и дека пожелно е да носите маски на протестот, за ваше здравје, како и транспаренти секој со своја инспирација.

Тие имаат и мерки кои итно бараат да се спроведат:

1.Итно чистење на сите главни и споредни улици во градот;

2.Забрана за сообраќај во најзагадените денови освен за возила на пожарна, полиција, брза помош, службени возила за истовар на роба;

3.Бесплатен јавен превоз;

4.Исклучување од сообраќај на старите возила кои загадуваат, вклучувајќи ги и оние на КХС;

5.Забрана за градежни активности во период на загаден воздух (ноември, декември, јануари);

6.Субвенциониран приклучок на топлификација за сите граѓани;

7.ИТНО и ТРАНСПАРЕНТНО мониторирање на индустриските погони, големи и мали, кои испуштаа стакленички гасови;

8.Помош за домаќинствата кои немаат финансии за греење па палат што ќе најдат;

9.Итно чистење на сите диви депонии во градот;

10.Санкции за палачите на огнови на отворено, посебно да се обрне внимание на кејот на Вардар.