Временските услови кои владеат во овој летен период на Балканот, создадоа состојби среде јули да имаме четири годишни времиња. На различни места и во различни држави имаше различни временски услови кои во одреден период достигнуваа и до +40, па есенско врнежливо време со големи поплави кои направија големи материјални штети и одзедоа човечки животи. Од пријатни пролетни услови, до прв снег среде јули во Бугарија. Како што пренесува nova.bg, а се гледа и од објавеното видео на ФБ од Мирослав Захариев, на планината Рила, на врвот Мусала вее снег.
