Денес во Македонија претпладне ќе биде претежно сончево, а попладне ќе започне да дува слаб до умерен јужен ветер и облачноста ќе се зголеми.  Попладне во северозападниот дел на државата ќе има услови за краткотрајна временска нестабилност.

Дневната температура ќе се движи од 20 до 28 степени, а во Скопје и околината ќе имаме слично време, а температура ќе се движи до 26 степени.

Викендот ќе го започнеме со сончево време и со појава на постепено зголемување на облачноста, за да на крајот од викендот имаме и најава за промена на времето со можни локални врнежи од дожд, кои од понеделник ќе бидат и поприсутни.