Топлото и сончево време продолжува и со почетокот на месец септември. Максималните дневни температури ќе се движат од 29°C до 36°C, со УВ индекс – 7. Најтопло ќе биде во Дојран со дневна температура која ќе достигне до 37°C. И во другите градови се очекуваат слични температури, како во Кавадарци до 36°C, Скопје до 35°C, Битола до 32°C, Крива Паланка до 30°C, Берово до 29°C, Охрид до 29°C и Маврово до 26°C.

Сончевото и топло време на одредени места ќе биде пропратено со мала до умерена облачност, а во северо-источните делови на Македонија ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.