Сончева светлина + возух = вода. Оваа решена равенка е срцето на новиот соларен хидропанел на стартапот Zero Mass Water во Аризона.

Панелите кои се наречени SOURCE (извор), може да се инсталираат на секоја зграда исто како стандарден фотоволтаик, но наместо да ја собираат соларна енергија, ги користат сончевите зраци за да ја впиваат влагата од воздухот. Секој панел има потенцијал да извлече до 10 литри вода дневно.

Секој SOURCE панел се состои од стандарден соларен панел на кој се распоредени два хидропанели. Како што е објаснето во видеото подолу, фотоволтаикот во центарот на панелот придвижува вентилатор пришто настанува комуникација на целиот систем со хидропанелите. Самите хидропанели се состојат од два различни материјали, едниот генерира топлина, а другиот ја апсорбира влагата од воздухот. Заедно тие можат да создадат вода во резервоар од 30 литри, по што следи процес на минерализација со калциум и магнезиум, која потоа може да се користи за пиење.

До денес стотици панели се поставени во осум земји низ целиот свет. Еден ваков соларен панел чини 4000 долари, а самата инсталација 500 долари. Целиот систем е дизајниран да трае 10 години, што според пресметките на Treehugger, тоа во просек изнесува околу 1,23 долари дневно или помеѓу 0,12 и 0,30 долари за литар вода.