Почетна Новости Снег во Шпанија! Не се топи на оган и мириса на пластика!

Снег во Шпанија! Не се топи на оган и мириса на пластика!

0
85

Снежното невреме кое ја зафати Шпанија а го донесе бурата Филомена, донесе и многу невообичаени ситуации. Освен фактот дека снегот влијаеше на сите сфери на живеењето од спортски, транспортни,економски,… отвори и еден инересен момент. Имено се работи за видот на снег кој паѓаше во Шпанија. Се би било во ред се додека на интернет не се појави едно видео поставено од жителка на Шпанија, која тврди дека снегот на висока температура под оган не се топи и мириса на пластика.

На видео снимката која кружи на интернет таа зема малку снег од својот балкон и прави снежна топка, која потоа ја загрева со пламен од запалка. Од снимката се гледа дека снегот не се топи, туку станува црн. Таа вели дека изгорената супстанца мириса на пластика.

„Како што гледате, не се топи, колку и да му се доближува пламенот, тој поцрнува. И мириса на изгорена пластика. Знам дека на многу места падна снег, тоа и сами го гледате…Ова е чиста пластика. Постојано не мамат, проверете и сами“, вели жената.

Колем број на корисници на социјалните мрежи со свои коментари се шегувале, но голем број од нив го пробале истото и според некои ова е нормална реакција. Мирисот на пластика доаѓа од нечистотијата во гаста во запалката, а снегот поцрнува поради процесот на хемиска сублимација, кога материјалот се трансформира од цврста состојба во гас, заобиколувајќи ја течната состојба.

Видео снимката може да ја погледнете на следниот линк. https://twitter.com/i/status/1347943219590537218