Google Street View Trekker оваа недела патува на Божиќниот остров во Австралија за да ја долови миграцијата на милиони црвени ракови.

Природонаучникот David Attenborough оваа миграција ја опишува како една од најневеројатните и прекрасните знаменитости на природата, кога огромен број на ендемични црвени ракови годишно патуваат од нивните затскриени домови во крајбрежните шуми до океанот, каде што ги положуваат јајцата. Црвените ракови веќе почнаа да маршираат до океанот, а на 13 декември 2017 година се очекува миграцијата за да заврши.

Dr. Alasdair Grigg од Parks Australia најави евидентирање на овој спектакуларен настан со помош на Google, Google Street View Trekker и 360 камера, а кој се очекува на почетокот на 2018 година да биде достапен за јавноста.

Иако малкумина можат да патуваат до Божиќниот остров за да го набљудуваат овој феномен, луѓето од целиот свет ќе можат да бидат сведоци на миграцијата благодарение на Google и Dr. Alasdair Grigg од Parks Australia.

„Се надеваме дека луѓето можат да ја доживеат прекрасната природа и миграцијата на црвени ракови низ очите на Google Trekker“, вели Dr. Alistair Grigg.

Целата документација за природниот феномен ќе биде проследена и со вклучување на виртуелни посети на сите национални паркови во Јужна Африка.