Градот Скопје интензивно продолжува со чистење на дивите депонии кои беа мапирани на повеќе локации низ градот. Како што изјави  градоначалничката Данела Арсовска, Градот Скопје досега исчистил повеќе од 120 диви депонии.

Со чистењето на дивите депонии на подрачјето на Скопје каде вообичаено се согорува отпад, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и ќе се елиминира потенцијална опасност од загадување на подземните води и почвата во градот.

Скопје без диви депонии е еден од главните проекти на кој градската администрација активно работи во соработка со општините и јавните претпријатија под Град Скопје.

Извор: https://skopje.gov.mk/mk/vesti/2019/19122021_cistenje_gradski_deponii/