Од Град Скопје известуваат дека во среда на 16 септември, во раните утрински часови ќе се изврши петтата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на град Скопје против ларви од комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, односно кога ќе бидат поволни временските услови.

Исто така, се известуваат и пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.