Скопје не е ни во првите 100: Објавена е листата на најдобри градови за живот за 2018 година

0
396

Глобалната консултантска компанија Mercer, специјализирана за човечки ресурси, објави листа на најдобри градови за живот, а резултатите не се разликуваат премногу во однос на претходните години.

Во конкуренција од 231 град во светот, главниот град на Австрија – Виена, оваа година, по деветти пат е прогласен за најдобар град во светот според квалитетот на животот, покажуваат резултатите на глобалната консултантска компанија Mercer.


Mercer веќе 20 години спроведува годишно истражување за да им помогне на компаниите и организациите да проценат плати за своите работници од странство. Во истражувањето се споредуваат околу 40 различни фактори (како што се политичката стабилност, инфраструктурата, здравствената заштита, образованието, степенот на криминал, рекреација, култура, грижа за животната средина…), на начин што се собираат бодовите од сите категории.

Меѓу првите дваесетина градови има мала промена во однос на претходната година.
Второто место го зазема Цирих, третото Окленд во Нов Зеланд. Следат Минхен, Ванкувер, Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген, Базел, Сиднеј, Амстердам, Берлин, Берн, Велингтон, Мелбурн, Торонто, Луксембург, Отава и Хамбург на 20-то место.

Лондон го зазема 41 место, што значи дека се наоѓа за место подолу во однос на минатата година поради зголемено аерозагадување. Слична е состојбата и со Париз, кој минатата година го зазеде 38 место, а оваа година го зазема 39 место.

Од балканските градови, Тирана е после Скопје на 176 место, Скопје на 161, Сараево на 159, Белград на 139, Софија на 116, Загреб на 98, Атина на 86, Љубљана на 75 место од вкупно 231 град. Подгорица не е во листата, а последното место, односно 231-то го зазема Багдат.