Почетна Новости Европа СКАНДАЛОЗНО: Сите молчат, а 33 кучиња од Македонија пронајдени се во Германија...

СКАНДАЛОЗНО: Сите молчат, а 33 кучиња од Македонија пронајдени се во Германија во ужасни услови (ФОТО)

0
8785

Во четвртокот Службата за ветеринарство и контрола на храна во Бергиш, Германија, на периферијата на Вупертал во напуштен објект со ужасни услови и изложеност на суровост пронашле 54 кучиња и 3 мачки, од кои 33 кучиња од Македонија (според пронајдените пасоши на лице место), пренесува германски Bild.de.

54 кучиња и 3 мачки биле пронајдени во сурови услови затворени во мали транспортери полни со измет и во темница. Сите затекнати кучиња и мачки биле заболени од заразни болести, паразити, тумори и болести на мускулно-скелетниот систем, пренесува Bild.de.

Службата за ветеринарство и контрола на храна во Бергиш (БВЛА) со тешкотии по поминати 5 часа, успешно ја завршила акцијата за спасување и извлекување на пронајдените животни.

Лутц Петерс, портпарол на градот Солинген за германски Bild вели: „Кучињата беа спасени од неверојатно бедни услови. Огромноста на теренот, ѓубрето и заразата дополнително ја отежнаа акцијата.“

Од стационарот за животни Tierheim Köln Dellbrück велат во своето соопштение на нивната Facebook страна дека „сопствениците“ биле наводно „активисти за права на животните.”

Дали „сопствениците“ на овие кучиња од Македонија се само поединци -„активисти за заштита на животните“ или пак истите припаѓаат на здружение за заштита на животните од Македонија и со која цел невините животни завршиле на ваков начин, ќе покаже истрагата на германските служби која очекуваме да биде спроведена во соработка со македонските надлежни служби, како би се расчистил случајот во целост.