Министерството за животна средина и просторно планирање со цел правилно постапување со отпадот кој произлегува од мерките преземени за заштита од корона вирусот КОВИД 19, има издадено “Препораки за управување со отпад за граѓаните кои се во карантин или во самоизолација со сомнителен случај во домот”.

Личниот отпад (како хартиени марамчиња, крпи за чистење за еднократна употреба, маски или ракавици) се одлагаат безбедно во вреќи за отпад за еднократна употреба!

Вреќите наполнети најмногу до 2/3 од нивниот капацитет, спакувани во втора вреќа и убаво затворени, се безбедни за одлагање во вообичаениот контејнер за отпадоци од домаќинството.

Другиот отпад од домаќинствата се отстранува на  вообичаен начин.

Извор! Министерство за животна средина и просторно планирање

http://www.moepp.gov.mk/?nastani=%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d1%81%d0%be-%d0%be%d1%82%d0%bf%d0%b0%d0%b4-%d0%b7%d0%b0-%d0%b3%d1%80