Во близина на брегот Хондурас во водите на Карибско Море пловат милиони парчиња пластика и друг отпад такашто формираат прекривка од ѓубре долга неколку километри, пренесува DailyMail.

Ова видео е доказ за навиките на луѓето и нивното влијание врз планетата Земја.

Се претпостаува дека овој отпад се нашол во морето како последица на силните врнежи од дожд во Гватемала.

Британската фотографка Caroline Power, автор на ова видео, вели дека неверојатната слика покажува како нашата планета се гуши во отпад и дека за тоа виновни сме сите ние.

Потполно се сложуваме со неа!