Британскиот нуркач Rich Horner сними шокантно видео од пластичен отпад во водите на Балиско Море во близина на индонезискиот остров Бали.

Од неговото видео објавено на YouTube се гледа преплавеност на морето со пластичен отпад: пластични кеси, пластични шишиња, пластични чаши, пластични плочи, пластични кофи, пластични кеси, пластични корпи, пластика, пластика…

Horner ја направил снимката на нуркачката дестинација Manta Point на островот Нуса Пенида, на само 24 километри од Денпасар, главниот град на индонезискиот остров Бали.

Податоците покажуваат производство на околу 100.000 тони пластика на ден во Индонезија и најголем дел од неа завршува во Балиско Море. Проблемот со пластика особено доаѓа до израз за време на сезона на дождови, наречена уште „сезона на отпад“ која ги шокира не само екологистите туку и туристите.