Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини истакнува дека “Овој пат иницијативата не е само ветување, туку очекувам првите резултатите да се видат на есен”. Меѓу другото министерот истакна „Навистина се работи за долга процедура. 20 години се трудеа институциите да стигнат до овој степен. Не е само ветување, туку одлука на Владата која ја оцени валоризацијата на експертите и се согласи да го започне процесот на прогласување за Национален парк. Ова не се прави бидејќи сега сме во кампања, сега е завршена валоризацијата и земени се мислењата на институциите и соодветните странки и бевме спремни да го презентираме пред Владата. Верувам дека сме во фаза каде имаме можност да дојдеме до резултати до септември.“

Владата ја усвои иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк и на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел.

За Шар Планина ќе започне расправа со сите засегнати страни, односно со жителите, економските чинители кои оперираат во регионот и со локалните власти. Потоа, конкретните предлози од расправите ќе бидат доставени до македонската Влада на усвојување. Според невладините организации, оваа процедура може да трае и до 1 година.