Сензационален изум!Автомобил на педали како велосипед!

Сензационалниот изум на иноваторот Насер ал Шаваф од Саудиска Арабија во соработка со холандската инженерска компанија ВРО, претставува автомобилот кој е наречен FitCar PPV.Изумот претставува автомобил кој се вози со помош на педали како велосипед.

Во внатрешноста автомобилот, на местото каде што треба да има педали за гас и кочница има поставено педали од велосипед. Со педалите се контролира забрзувањето на автомобилот на ист начин како кај велосипедот а со нив може да се контролира и нивото на отпор на педалите, со цел лицето кое го управува автомобилоте да може да потроши уште повеќе калории. Рачната кочница е поставена веднаш до воланот.

FitCar PPV има три брзини на возење:

– за брзо возење по автопати;

– за бавно возење за бавен сообраќај и

– и опцијата „возење без возење“ за време на сообраќајни гужви.

Од холандската компанија потенцираат дека со овој автомобил може да се потрошат и до 300 калории за само половина час.

Автомобилот FitCar PPV е интернационално патентиран и се чека одобрение за да може да се користи по патиштата во Европа.

Извор: https://www.facebook.com/StartupSelfieOfficial/videos/2087131494668212/