Бразилско семејство го следи трендот на „егзотични“ миленици во крајности.

Семејството Борхес го дели својот дом со седум тигри. Аријас Борхес, ја започнал својата силна врска со тигрите, откако две од сега веќе големите мачки, ги затекнал во лоша состојба во циркус и одлучил да ги однесе дома. Неговите три ќерки пораснале делејќи ги оброците, креветите и базенот со тигрите и играјќи со нив. По обидот на Аријас да ги спаси тигрите, тој почнал да ги одгледува, сега веќе 7 на број во својот дом во Маринга.

Неверојатната врска помеѓу семејството и тигрите настанала после долго време живеење под ист покрив.

Гестот на извлекување на дивите животни од лоши услови секогаш е оправдан доколку истите се вратат онаму каде што припаѓаат, во природното живеалиште, наместо истите да се движат на поводник, бидејќи тигрите се територијални животни кои најчесто живеат сами и нивните територии достигнуваат и до 100 километри квадратни.