Уморни сте од честото менување цвеќе во домот? Ние ви нудиме седум начини како вашите прекрасни цвеќиња да траат подолго.

Цвеќињата имаат неверојатна способност да ги полнат просториите, каде што се наоѓаат, со слатка миризба, движечка енергија и беспрекорна убавина. Затоа ние се грижиме да бидат секогаш свежи, што е можно подолго.

Ова се најдобрите совети за одржување на свежината на вашите цвеќиња, како и креативни идеи за декорирање кои се толку ефектни, што вашиот дом ќе го направат да заличи на најубавата продавница за цвеќе.

Па да почнеме со советите:

1.) Чувајте ги на ладно!

Букетот цвеќе треба да се чува на ладно место, посебно преку ноќ, кога не треба да биде изложен на воодушевувања. 🙂 Ова е причина поради која цвеќарите ги чуваат цвеќињата во ладилници, се разбира, на соодветни температури.

2.) Лак за коса!

Испрскајте ги цвеќињата со лак за коса за да траат подолго и да го сочуваат својот облик.

3.) Исечете ги стеблата на косо!

Стеблата на цвеќињата треба да се сечат под агол од 45 степени и 2.5 cm од дното, за да ја зголемат површината која е во директен допир со вода. Со ова ќе бидете сигурни дека вашите цвеќиња ќе бидат добро хидрирани.

4.) Отворете ги затворените пупки!

Цвеќето ставете го во чаша со топла вода, не подолго од една минута, а потоа во вазна со ладна вода околу 20 минути. На овој начин, на вашите цвеќиња ќе им ги отворите затворните пупки, со што аранжманот ќе добие на убавина.

5.) Додадете мешавина од две состојки!

Измешајте 2 супени лажици вински оцет и 2 лажици шеќер во вазната, а потоа ставете го цвеќето. Оваа мешавина ја зголемува долговечноста на растенијата.

6.) Мешавина со водка!

Ставете неколку капки водка и една лажичка бел шеќер во вашата вазна со вода и на тој начин цвеќињта ќе траат уште најмалку ден или два.

7.) Паричка во водата!

Ова е изненадување. Дополнителен рок на траење ќе добиете ако во вазната со вода ставите монета. Таа ќе додаде киселост со што ќе го спречите растот на габите и бактериите. Користете стари пари, по можност, направени пред 1982 година!