Сечењето на шумите во Јужна Америка погубно за 8 видови птици!

Сечењето на шумите во Јужна Америка погубно се однесува врз опстанокот на птичјиот свет. Овој проблем досега предизвика  исчезнување на 8 видови птици.

The Spix’s Macaw, птица која многумина ја препознаваат како ѕвезда на анимираниот филм Rio, официјално е исчезната. Оваа птица е наведена меѓу осумте видови птици кои исчезнале во Јужна Америка во последната деценија во новата студија спроведена од Bird Life International. Додека најголем дел од изумирањето на птиците се поврзува со лов и напад од предатори, овие нови изумирања се поврзуваат со растечкиот проблем во Јужна Америка: уништувањето на шумите.

Според Stuart Butchart, научникот кој ја води студијата BirdLife International истребувањата на птиците во Јужна Америка е поради уништувањето на природните живеалишта.

Во минатото, околу 90 проценти од изумирањето е поврзано со птици на оддалечените острови, но, како што укажува научникот, новата студија покажува пораст на изумирање на големите континенти, поттикнати пред се од загубата на природните живеалиштата.

Во моментов има повеќе од 26.000 видови  коишто се на работ на истребување. Бројот продолжува да расте и научниците предупредуваат дека луѓето би можеле да влезат во уште еден глобален проблем на истребување.

Половина од птиците што неодамна изумреле потекнуваат од Бразил. The Spix’s Macaw последен пат е забележана во дивина во 2000 година, иако истата била одгледувана во заробеништво. Научниците се надеваат дека повторно ќе ја воведат птицата во некоја точка од иднината.

Освен осумте видови птици кои исчезнале, уште 51 други се водат за “критично загрозени”. Butchart и неговиот тим се надеваат дека нивната студија ќе ги промовира идните напори за зачувување и спас на овие видови птици.