Сечата на Водно продолжува!

Трасата се пробива за изградба на гасоводната мрежа

Граѓанските организации алармираат дека без дозвола Сечата на Водно продолжува. Без најава продолжило уништувањето на шумата, овој пат на потегот Бел Камен – Бункери. Трасата низ сртот на Водно се пробива за изградба на гасоводната мрежа. Овој проект се турка и покрај апелите и реакциите дека со неа уништување на шумскиот фонд. Според надлежните, ова решение е најисплатливо и немало простор за негово менување.

Во реакциите се посочува дека се случило она од што најмногу стравувувале и предупредувале: Штетата е направена, процедурата не е запазена според законските прописи и според нивни сознанија на местото немало надлежни кои би извршиле увид на тоа што и како се сече, вели Tатјана Стојановска во изјава за Алфа ТВ.

Од Град Скопје засега нема одговор кој и зошто дозволи сечата да продолжи. Од граганската иницијатива Го Сакам Водно поднеле 13 барања за трајно решавање и заштита на парк-шумата, но три месеци никој не ги удиостоил со одговор.