SEABIN – НОВ ПРОНАЈДОК, КОЈ ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОКЕАНИТЕ

Австралискиот проект SEABIN, предводен од Ендрју Туртон и Пит Челински – револуција во технологијата за чистење на океанот

 

Секоја година тони и тони пластика завршуваат во океаните, создавајќи таканаречено “Море од пластика” – масовно ѓубре што лебди во водата. Милиони парчиња најразличен пластичен отпад секојдневно го започнува свој пат од крајбрежјата и пристаништата, кои носени од ветровите и морските струи, лебдат и патуваат кон отворено море.

Австралискиот проект “SEABIN” се обидува да спречи, овој пливачки отпад, составен првенствено од пластични шишиња, кеси, стиропор и друг вид на отпадоци, да се разнесе и акумулира во океаните.

Што е “SEABIN”?

Најнов изум, инсталиран во водата, кој работи на принцип на вшмукување летечки отпадоци од морињата и океаните, со помош на електрична потопна пумпа. Во зависност од времето и отпадоците, капацитетот нa “SEABIN”  е околу 1,5 килограми дневно,вклучувајќи и микропластика со големина од 2 милиметра, или околу половина тон отпадоци на годишно ниво. Кесата за улов што се наоѓа во внатрешноста и е изработена од природен материјал, може да собере до 20 килограми отпадоци. Се советува да се  чисти најмалку еднаш месечно и да се проверува редовно.

“SEABIN” воглавном, се инсталира на пристаништата, работи дваесет и четири часа дневно и е потполно безбеден за морскиот свет.

Досега компанијата има инсталирано вакви уреди во најмалку осум држави, а постојат нарачки за уште околу 70 земји и треба да бидат испорачани околу 1500 “SEABIN” уреди, почнувајќи од 2018 година. Просечна цена на единица уред е околу 3300 евра.

Револуционерите на проектот релативно задоволни од својот изум, тежнеат да работат и понатаму на  истиот и неговото усовршување и достапност во скоро сите држави засегнати со овој горлив проблем.  Користете “SEABIN” уреди и создадете “Океани без загадување, за идните генерации”.