Се укинуваат воведените мерки заради загадениот воздух-Од утре започнува второто полугодие во училиштата

Од утре почнува второто полугодие во основните и во средните училишта. Министерството за образование и наука информира дека огласно препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги во предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух, второто полугодие од учебната 2018/2019 година започнува утре (среда) 23.01.2019 година и тоа за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во Република Македонија.