SCOBY – ЕКОЛОШКА АЛТЕРНАТИВА НА ПЛАСТИЧНО ПАКУВАЊЕ!

Пакување без пластифицирање создадено од kombucha starter”( комбуха стартер)

Полскиот студент за  дизајн, Роза Јануш ја создаде Scoby, еколошка алтернатива на пластично пакување која лесно се одгледува, со истите методи што се користат за производство на  комбуха. Органската мембрана создадена од ферментирани бактерии и квасец, може да се користи за складирање на разни лесни јадења како семиња, јаткасти плодови, па дури и салати. Scoby е комплетно биоразградлив и може да се јаде по употреба.

Како дел од  дипломскиот труд – Проект за индустриски дизајн, Роза Јануш го создаде Scoby пред се, за да им помогне на земјоделците да создадат сопствено пакување од отпад. Користејќи бактерии и квасец како база за комбуха,  за околу две недели со додавање на шеќери и друг земјоделски отпад за ферментирање на материјалот, мембраната се формира на површината и може да се бере.

Тенкиот и проѕирен материјал е лесно подвижен што го прави погоден за обликување при пакување на различни видови храна. Scoby има долг рок на траење и би можел да се користи и за складирање на кисели прехранбени продукти. Материјалот исто така може да ги апсорбира вкусовите од храната што ја чува.

Со одгледувањето на Scoby,  идниот земјоделец  ќе произведува сопствено пакување кое нема да ја уништува животната средина од една страна, а воедно, ќе има и финансиска корист од истото од друга страна.

Роза Јануш планира да ги истражи комерцијалните можности на Scoby во блиска иднина, а неодамна го достави нејзиниот дизајн за наградата “Golden Pin Concept Design 2018”.