Само 1% од граѓаните на Македонија ги засега животната средина!

Анкетата направена од МЦМС и Телма телевизија, презентирана во емисијата Топ Тема на ваша страна, покрај стандардните прашања и анализи околу актуелните политички прашања и ставови поврзани со економските и социјалните теми, како многу важен показател беше делот кој го отсликува интересот на граѓаните на Република Македонија, во делот на заштитата на животната средина.
Прашањето беше едноставно- Што сакаат граѓаните на Република Макдонија да видат од актуелната Влада?
Приоритетите на македонските граѓани се следни: Нови работни места, се со најголем приоритет и се на прво место со 26,8%, економскиот развој со 25%, здравството со 9%, социјалната заштита со 6,4%, прашањето за името 6,3%, ЕУ и НАТО интеграции 5,3%, образованието 2,1%, правосудството со 1,3%, за на последното место да се најде животната средина, со само 1%.