Тропската бура „Сали“ од понеделникот се засили и се претвори во ураган и сега претставува сериозна закана за југоисточниот дел САД, предупредуваат американските метеоролошки служби. Американскиот национален центар за урагани истакнува дека големото невреме, проследено со ветер од 150 километри на час, уште денес може да стигне до американското копното.

Ураганот „Сали“, во момент се наоѓа на 210 километри од устието на реката Мисисипи и може да предизвика зголемување на нивото на водата во американските држави Луизијана и Алабама, пренесува Ројтерс. Во ризично подрачје спаѓа и Њу Орлеанс, кој пред 15 години беше катастрофално погоден од ураганот “Катрина”.

Извор: https://www.youtube.com/watch?time_continue=51&v=47kHO93Bc5Y&feature=emb_logo