Речиси двојно зголемен водостојот на Вардар

Денешните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролшки работи покажуваат дека речиси двојно е зголемен водостојот на Вардар.

Нивото на Вардар, кај Јегуновце, денеска е за 25 сантиметри поголемо во однос на септември, кај Велес за 52 сантиметри, а кај Демир Капија за 75 сантиметри поголемо од септемврискиот просек.

Скоро двојно е намален водостојот на Пчиња, а за некој саниметар е намаленото нивото на Крива Река и Брегалница.

Кај езерата нема поголеми отстапувања во споредба со септемврискиот просек.