Светскиот ден на миграциските птици (WMBD) инициран во 2006 година  е годишна кампања за  истакнување на потребата од зачувување на птиците преселници и нивните живеалишта. Има глобален дострел и е ефективна алатка за подигање на глобалната свест за заканите со кои се соочуваат миграторните птици, укажување на нивната еколошка важност и потребата од меѓународна соработка  за нивното зачувување.

Секоја година, луѓето од целиот свет преземаат акции и организираат јавни настани, птичји фестивали, образовни програми, изложби и екскурзии кои ги следат птиците за да го прослават овој ден.  Главниот ден за меѓународните прослави е секоја втора сабота од месецот мај и октомври, но, секако ваквите активности треба да се превземаат во секое време во текот на годината.

2018 година е важна транзициона година во историјата на Светскиот ден на миграциските птици и неговото обележување има за цел да допре до пошироката публика и да ја засили својата порака за зачувување на птиците. Како нова глобална платформа која ги обединува напорите во светот WMBD ќе го зајакне образованието и подигањето на свеста за потребата од заштита на миграциските птици и нивните живеалишта – на различни нивоа, во различни делови од светот. Оваа  година го означува новиот почеток на Светскиот ден на миграциските птици, бидејќи сега ги обединува главните миграциски птичји коридори на планетата, африкански-евроазиски, источно-азиски-австралиски и американски