Светскиот ден на птиците преселници е дводневен настан што се одржува секоја година во вториот викенд од месец  мај  со цел да се потенцира потребата за заштита на птиците преселници и нивните живеалишта. Овој викенд го одбележуваат јавни настани како што се фестивали на птици, програми за едукација и екскурзии за набљудување на птици. Секоја година, вкупниот број на регистрирани настани на Светскиот ден на птиците преселници постојано се зголемува, како и бројот на земји во кои се организираат овие настани.

Обединетите нации се една од многуте организации кои ја поддржуваат оваа глобална кампања за подигнување на свеста.

Птиците преселници и луѓето ја делат истата планета, а со тоа и истите ограничени ресурси. Во годините наназад при одбележувањето на Светскиот ден на птиците преселници како главна порака беше „Нивната иднина е и наша иднина – Здрава планета за преселни птици и луѓе“ и затоа е потребно да се промовира одржливото управување со природни ресурси.

Птиците преселници се показатели за здрава планета и функционални еко- системи бидејќи нивната миграција ги поврзува континентите. Најголемите закани за птиците се пресушувањето на водните површини, деградирањето на хабитатите и неодржливиот лов.

Инаку птиците преселници поминуваат и до 14.000 километри низ светот за да се гнездат. Исчезнувањето на местата каде што одмораат е една од главните причини за нагло намалување на популацијата, во одредени случаи дури и до 80% од 2000 година до денес.

Извор: https://www.timeanddate.com/holidays/un/migratory-bird-day