Првиот соларен воз започна да пренесува патници во Byron Bay, Австралија откако железничката компанија „Byron Bay“ реновираше три километри од железничките пруги, возот кој сега е опремен со соларни панели со капацитет од 6,5 киловати и мост помеѓу градот Byron Bay и ресортот Elements of Byron Bay, за да обезбеди прифатлив јавен превоз за локалното население и посетителите.

Флексибилните „SunMan“ соларни панели поставени на покривот од возот произведуваат енергија, каде е складиран батериски систем од 77 киловати на час и може да се полни меѓу патувањата во некоја од главните станици.

Осветлувањето на возот, моќта на влечење, контролните кола и воздушните компресори се напојуваат со батерија.

Byron Bay железничката компанија соопшти дека првично имала намера да понуди услуга за дизел воз, пред да се префрли на користење на соларната енергија, но „забрзаниот развој на технологијата во оваа област“ направил создавањето на 100% соларен воз да биде технички изводливо. Еден од двата оригинални дизел мотори сèуште е дел од возот како резервна опција.

Возот поседува седишта за сто патници и простор за уште неколку кои би стоеле, а има простор и за багаж, велосипед и даски за сурфање.

Возот засега транзитира само за викендите, а со целосна услуга ќе започне во јануари следната година.

Цената во еден правец е 3 долари за возрасни, 2 долари за возраст од 6 до 13 години и бесплатно за деца до 5 години.