Прв подводен ресторан! За резервација за ручек се чека до 6 месеци

На северноатлантскиот брег на Норвешка, Европа го доби својот прв подводен ресторан! За ова задоволство треба да се одвојат помеѓу 200 и 400 евра за оброк, а за резервација се чека и до шест месеци.

Ресторанот „Андер“ е лоциран во Линдеснес, во близина на најјужната точка на Норвешка, а на своите гости им нуди можност да вечераат и уживаат каде низ панорамскиот прозорец може да го гледаат и подводниот свет.

Овој ресторан може да прими околу 40 луѓе, а официјално отворање е најавено за почетокот на април, а веќе има илјадници онлајн резервации, така што за резервација на маса се чека околу шест месеци.