Гласот за заштита на амозонските шуми го кренаа и илјадници граѓани кои со извиците „Зачувај го Амазон“, протестираа во Сао Паоло и Рио де Жанеиро во петокот, а протести се одржаа пред бразилските амбасади и конзулати во различни земји на покана на невладини организации.

Демонстрантите направиле опсади и на бразилските амбасади ширум светот бидејќи меѓународниот бес поради однесувањето на бразилскиот претседател Болсонаро ги  засили критиките против него.

Стотици демонстранти се собрале пред амбасадата на Бразил во центарот на Лондон во петокот со плакати на кои пишуваше: „Планетата заслужува подобро“ и „Нашата куќа е во оган“.

„Болсонаро сака да ја уништи шумата… и ние не го сакаме тоа“, изјави еден домороден водач од Бразил пред насобраниот народ.

Исто така, имало митинзи пред амбасадите на Бразил во Мексико Сити и Париз, каде демонстрантите, наводно, носеле транспаренти на кои пишувало: „Фора Болсонаро!“ Или „Болсонаро, надвор!“

Демонстрантите го опколија и бразилскиот конзулат во Женева додека биле планирани понатамошни маршеви во градовите, вклучувајќи Аделаид, Лисабон, Стокхолм, Бостон и Флорида.

Извор: https://www.theguardian.com/world/2019/aug/23/brazil-protests-amazon-bolsonaro-failure-protect